(ВИДЕО) Филипче: Mакедонската интеграција во ЕУ е сè подалечна поради политиките и изборите на власта

Од:

Македонскиот јазик е безбеден, идентитетот е безбеден. Но македонската интеграција во Унијата е сè подалечна поради политиките и изборите на власта, порача претседателот на Социјалдемократкиот сојуз, Венко Филипче.

На денешната прес-конференција Филипче истакна дека вчерашната одлука на Европскиот Парламент и усвојувањето на извештајот се резултат на опасно застранување од стратешките позиции на државата и злоупотребата на јазикот и идентитетските прашања на владата за сопствена политичка кампања.

-Тоа е исто така директен резултат на дипломатските импровизации и целосната негрижа на владата за зачувување на меѓународната позиција на државата. За една година Македонија ја изгуби довербата кај стратешките партнери, што е единствено вина на оваа власт, рече Филипче, додавајќи дека жално е нивото на несвесност за последиците и штетите од овие политики кои ѝ се прават на државата и граѓаните, како и несигурноста и апатијата што се создаваат.

Според него, по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ наследила стабилна и јасна позиција во евроинтегративниот процес со загарантиран македонски јазик во Европската Унија и јасен пат за напредок, но, не ги остварила ниту едно од ветувањата за подобра преговарачка позиција.

-Ветуваа и лажеа дека можат подобро. Дека можат да обезбедат подобар договор со Бугарија, дека можат да обезбедат нова преговарачка рамка, дека се во периметарот и први во редот. Кажуваа дека имаат многу партнери кои нè разбираат и поддржуваат. За жал, ништо од тоа не се покажа како точно,рече Филипче.

Филипче порача дека македонскиот јазик, идентитет и нација се јасно признати и заштитени во рамките на Европската Унија, што е гарантирано преку Преговарачката рамка и договорите со ЕУ, каде македонскиот јазик се користи официјално. Тој нагласи дека овие прашања не се предмет на преговори, туку веќе се решени, и дека СДСМ, со поддршка од европски партнери, успешно се спротивставил на обиди за нивно оспорување. Според него, македонскиот народ има јасна визија за интеграција во ЕУ без отстапки од националното достоинство, со јасна цел – зачувување на јазикот и идентитетот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ