(ВИДЕО) Филипче: Го враќаме животот во нормала, само заеднички може да ја надминеме оваа состојба

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизните, се враќа слободното движење, а наскоро ќе се отворат и границите.

„Се отвораме како што тоа го прават сите земји околу нас и во светот. Сега сме исправени пред два избора. Да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се предуслов за нормализирање на состојбата или со непочитување на мерките да ризикуваме повторно враќање назад кон рестрикции и остри мерки“, рече министерот Филипче.

Тој потенцираше дека анализите на епидемиолозите потврдија дека состојбата е стабилна, а досегашната стратегија даде резултат.

„Го заштитивме здравствениот систем и ја одржавме епидемијата под контрола. Ова беше предуслов да ги олабавиме рестриктивните мерки. Но, мерките за лична заштита остануваат да важат и мора целосно да се почитуваат. Задолжително носење маска или прекривка на устата и носот, одржување физичка дистанца, редовна хигиена и дезинфекција на рацете се мерки кои остануваат дел од нашето секојдневие. Со овие мерки ние продолжуваме понатаму и со нив ќе се заштитиме“, истакна министерот Филипче.

Филипче истакна дека вирусот нема да замине и со него ќе мора да научиме да живееме и тоа подолг временски период. Ова значи дека одговорноста на граѓаните е сега уште поголема.

„Недозволиво е оние кои ги почитуваат мерките да бидат во ризик од оние коишто тоа не го прават. Апелирам и до надлежните институции, сите прекршувања кои го загрозуваат јавното здравје мора да се санкционираат. Сакам на сите да им биде јасно, со заштита на сопственото здравје ги штитите сите околу вас, спасувате животи на вашите блиски, на вашите сограѓани и им помагате на здравствените работници. Ова е наша заедничка борба. Само заедно можеме да ја надминеме оваа состојба. Верувам дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање“, посочи Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on