(ВИДЕО) Филе: Статус кво ситуацијата има своја цена

Од:

Владата треба да направи компромис во однос на решевањето на спорот со името, порача еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе. Останувањето на статус кво ситуација во однос на решавањето на проблемот со името има своја цена и владата треба да процени што ќе значи тоа за граѓаните на Македонија, посочи Филе, најавувајќи дека доколку состојбата остане ваква и следниот извештај за Македонија ќе биде ист.

Потсетувајќи за настаните од 24 декември, Филе истакна дека имплементацијата на Мартовскиот договор го охрабрува, што според него значи дека постои излез од ситуацијата и има политичка волја за решавање на состојбите.

Филе се надева дека Владата ќе се вклучи во сеопфатен дијалог со ЗНМ, како и дека Здружението на новинарите ќе дејствува конструктивно, што ќе овозможи дијалог и можности за двете страни.

Во презентирањето на извештајот, еврокомсесарот ја ослови Македонија со ПЈРМ и со Скопје.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини