(ВИДЕО) Филе: Новинарите мора да бидат ангажирани во реформите

Од:

Со пристапниот дијалог на високо ниво по политичката криза има напредок, но сепак има работи кои треба да се завршат, рече Штефан Филе по средбата со премирот Никола Груевски.
За Пролетниот извештај на Европската Комисија, последните информации од денешните состаноци ќе допринесат да се направи ажурирање на извештајот.

Важна е третата поента, а тоа е спроведување на договорот од 1 март. Политичарите ја создадоа кризата и тие ја имаат одговрноста да го средат тоа, тие го немаат тоа направено целосно.

Настаните од 24 декември, негативно влијаеа во односите на владата и новинарите и владата треба да го продолжи дијалог со нив и тие да се ангажираат во реформите на ова поле.

Запомнете, бранењето на слободата на медиумите е основата на демократијата. На појавата на пристрасното навивање од страна на медиумите, властите треба да обрнат поголемо внимание на овие прашања.

Пристапаниот дијалот на високо ниво обезбедува подобра платформа за да се покаже што може да се стори доколку секој останува фокусиран на европската агенда, изјави Филе.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија