(ВИДЕО) Фетаи: Изјавата на Верушевски за „бомбите“ нема да влијае врз постапките на СЈО

Од:

Поранешната специјална јавна обвинителка, Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар“, рече дека исказот на ексразузнавачот Зоран Верушевски дека „бомбите“ биле модифицирани и компромитирани нема да влијае врз постапките на СЈО.

„По мене не. Тоа не може да влијае на автентичноста на материјалите со кои располагаме, ниту на постапките. Станува збор за исказ кој не е довршен“, рече Фетаи и појасни дека Верушевски ќе биде уште испрашуван и од странките во постапката и од судот.

– Толкување и појаснување може да даде само Верушевски, рече обвинителката Фетаи.

На последното рочиште за предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, Верушевски, кој е советник за национална безбедност на премиерот Зоран Заев, даде исказ кој е спротивен на тврдењата на неговите ексколеги Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски.

Верушевски во судот кажа дека „бомбите“ од УБК директно се слевале во СДСМ, а не преку него и дека по неговото апсење прислушуваните материјали биле стравитно компромитирани и модифицирани.

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски