(ВИДЕО) Фетаи: До крајот на неделата се очекува првата пресуда за „шамарите во Центар“

Од:

Конечно започна главната расправа по предметот познат како „Шамарите во Центар“, беше изречена содржината на обвинителниот предлог од наша страна. Имаме две раздвоени постапки, една против обвинетиот Димче Крстев кој денеска се пожали дека не е здравствено добар и дека е потребно да ангажира адвокат, па од добронамерни причини постаката против него е раздвоена, рече обвинителката Фатиме Фетаи по завршување на денешното рочиште во судот за предметот „Насилство“.

Другата раздвоена постапка е против Томислав Лазаров кој што ја призна вината на кривично дело кое му се става на товар, таа постапка стигна и до завршни зборови и во петок се очекува објавување на пресудата, информираше Фетаи.

Обвинителката рече дека очекува осудителна пресуда поради тоа што има признание, но за кривичната санкција треба да се почека.

-Ова признание на вина од страна на обвинетиот ќе има позитивно влијание врз целокупниот тек на постапката, рече Фетаи.

Би можело да ве интересира

Крешник Бектеши го бранат адвокатите на Мијалков и Латас, вели Фетаи

Горан Наумовски

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Фетаи објави дека на својот службен меил добил порака со смртна закана

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото