(ВИДЕО) Ефтимов: Врз студентите се врши притисок да молчат за состојбите во домовите

Од:

Власта повторно предизборно удри по студентите. Иако мислеа дека со реновирањето на Блокот Б од студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе ги замолчат и останатите студенти кои живеат во катастрофални услови, почнале да употребуваат притисоци со цел да ги намалат реакциите на студентите.

Борјан Ефтимов од Студентскиот пленум вели дека ветувањата кои изминативе години ги слушаат од премиерот се празни, а тој со еден полузавршен проект почнал да се удира во гради додека состојбите во домовите секојдневно се влошуваат.

– Изминативе години слушнавме безброј лаги и ветувања за изградба на нови и реконструкција на постоечките студентски домови, но за жал сите тие ветувања останаа празни. Секојдневно слушаме како некои лица се удираат во гради со полузавршени проекти, а студентите се соочуваат со нехумани услови кој од ден на ден со доаѓањето на зимата секој повеќе и повеќе ќе се влошуваат. Премиерот со една реконструкција на еден блок од студентскиот дом „Гоце Делчев“ сакаше да се заборават сите тие лаги и ветувања, но ние како Пленум нема да дозволиме тоа да остане заборавено. Ние ќе се бориме за реконструкција и на останатите блокови и подобрување на условите на домовите, вели Борјан Ефтимов од Студентскиот пленум.

Пленумците велат дека студентите имаат огромни закани дека ќе бидат избркани од домовите со што се приморани да молчат, а состојбите се далеку од пристојни.

– Ги повикуваме сите студенти во овие домови кои подлегнале под притисоците и не успеале да го кренат својот глас да се обратат кај Студентскиот Пленум кој ќе ги заштити нивните лични информации и ќе го пренесе тоа што имаат да го кажат. Притисоците најчесто не се од страна на официјалните лица на домовите, туку се неформални, „ќе летате од домот“, „нема повеќе да спиете тука“ и слично, додава Ефтимов. Пленумците додаваат дека најголем дел од информациите доаѓаат за мензата во „Гоце Делчев“ каде неретко наоѓале бубашваби во храната.

– После акцијата која беше со емитување на филмот за студентскиот дом „Гоце Делчев“, многу студенти се упатија на страната на фејсбук на Студентски Пленум каде што ни испраќаа информации но бараа да биде скриен нивниот идентитет. Најмногу информации ни доаѓаат за мензата која е со нечовечки услови и многу често среќаваат бубашваби во јадењето и студентите ни испраќаат фотографии од храната, вели Ефтимов. Од домовите се пожалиле дека парното е премногу слабо, а кога носат греалки се соочуваат со притисоци поради тоа што трошеле струја.

– И кога го има парното тоа е слабо и најчесто студентите имаат потреба да носат греалки во своите соби и потоа се соочуваат со притисоци. Исто така немаат топла вода за туширање што е нешто смешно во 21 век, нагласува Ефитмов.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Студентите си ги бараат неисплатените стипендии, ќе протестираат пред Министерството за образование

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов