ВИДЕО: Едноставен и скромен како и пред 20 години – Заев на матура

Од:

Едноставен и скромен, како и пред 20 години, таков беше и денеска градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ, Зоран Заев,  на класниот час во гимназијата „Јане Сандански“ на одбележувањето на 20 годишнината од матурирањето.

Уште во училишниот двор ја покажа својата непосредност и дружељубивост поздравувајќи се со своите соученици од каде заминаа во училницата во која поминале четири години заедно.

Таму ги пречека класната раководителка Билјана Витанова, насмеана и горда на своите ученици. Триесетина минути евоцираа спомени од средношколските денови, се сеќаваа кој од кого препишувал, а потврдија дека најмногу препишувале од Зоки.

-Беше голем другар, амбициозен, секогаш гледаше да им помогне на другарите, секогаш дозволуваше да препишувавме од него, вели негова соученичка со која ја делеле училишната клупа.

И класната раководителка Билјана Витанова со задоволство раскажуваше каков ученик бил Зоран Заев.

ZAEV 20 GODINI MATURA-3

– За Зоран Заев можам да кажам се најубаво. Беше пример од дете. Јас му бев класна уште од прва па се до четврта година и не само јас,туку и сите професори ќе кажат дека уште од прва година воодушевуваше со неговата харизма, со неговиот квалитет, со неговата амбициозност.

ZAEV 20 GODINI MATURA-4

– Сите предмети ги учеше подеднакво и секогаш беше одличен, но посебно му лежеа природните предмети, по математика беше посебно активен и често пати го носев на натпревари и по физика исто така учествуваше на натпревари. Во четврта година на матурата имаше завршен испит од мојот предмет, математика.

ZAEV 20 GODINI MATURA-6

– Одлучен ученик, пример од дете, во секој случај за пофалба. Сега се гордеам со таква личност, се гордеам што Зоран Заев ми бил ученик. Засекогаш ќе биде пример на генерациите и гордост не само моја, туку и на цела Струмица, рече Витанова.

ZAEV 20 GODINI MATURA-7

По класниот час, дружењето на генерацијата 1989 – 1993 година во струмичката гимназија продолжи со кафе во едно од кафулињата, а ќе заврши вечерва во еден од познатите струмички ресторани.

ZAEV 20 GODINI MATURA-9 ZAEV 20 GODINI MATURA-13 ZAEV SO KLASNATA RAKOVODITELKA-5

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

Костадиновска Стојчевска: За 91 отсто е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар

Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции