Насобраните граѓани пред собранието во центарот на Скопје со едноминутно молчење му оддадоа почит на Мартин Нешковски момчето кое свирепо беше убине пред четири години на плоштад.
Едноминутен молк имало и на протестите во Битола и Прилеп.
Демонстрантите силно извикуваа оставка, оставка, нема правда нема мир.
Собранието го обезбедуваат специјалци. Протестот тече мирно и без инциденти.
Демонстрантите најавија дека ќе се протестира секој ден во 18 часот се додека министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска не си поднесе оставка.