(ВИДЕО) Џолев: Не сме праќале повторно барања за симнување на имунитетот на пратеници

Од:

Претседателот на кривичниот суд во Скопје, Иван Џолев на новинарско прашање не даде дефинитивен одговор дали судот повторно до Собранието ќе испрати барање со кое се бара да им се симне имунитетот на пратениците Трајко Вељаноски и Љупчо Димовски, осомничени во истрагите на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

„Праксата досега колку што ми е мене познато, тоа ќе го провериме, колку што ми е мене познато, повторни барања не сме испраќале. Меѓутоа ќе седнеме сите заедно со судиите и ќе разговараме за следните чекори кои ќе ги преземеме“.

Синоќа Собранието не му го одзеде имунитетот на експретседавачот Трајко Вељаноски, откако на полноќ претседателот на законодавниот дом ја прекина седницата. Вељаноски е еден од шестемина осомничени за организирање на нападот во Собранието на 27 април.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска