ВИДЕО: Џафери ги почитува Уставот и Деловникот само кога е за доброто на ДУИ

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека се уште не знае кои конкретни чекори ќе бидат преземени за донесувањето на законот за употреба на јазиците, но рече дека со сигурност ќе бидат во согласност со Уставот и собранискиот Деловник. По се изгледа, за Џафери Уставот и Деловникот важат само кога е во прашање закон кој е од интерес за неговата партијат, ДУИ.

Џафери ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека со 35 илјади амандмани ја блокира работата на Собранието, но заборавил дека истите методи ги користеше и ДУИ во 2012 година кога исто така со илјадници амандмани го парализираше Собранието при донесување на Законот за бранители.

Џафери пред 6 години, со цел да го спречи донесувањето на овој закон, во Парламентот приредуваше невројатно шоу за јавноста читајќи поезија од Ацо Шопов. На Комисијата за труд и социјална политика, тој својот револт поради носење на овој закон го искажуваше преку молчење на говорницата па дури и ги предупредуваше пратениците доколку го прекинат во молчењето ќе побара збор и повторно ќе молчи.

Актуелниот претседател на Собранието заедно со својата матична партија успеаа во својата намера. Законот за бранители се уште не е донесен, целата процедура околу негово изгласување е стопирана.

Законот за употреба на јазиците пак е пред пратениците на трето читање, откако претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов не го потпиша указот. Џафери закажа пленарна седница, на чиј дневен ред се најде овој закон, но беше одложена. Тој даде рок од една недела партиите да постигнат меѓусебен договор за ова прашање.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има