ВИДЕО: Џафери е познат по кршењето на Уставот, очекувам да биде полошо во следните 100 дена

Од:

Талат Џафери е човекот кој од самиот свој почеток, па до неговиот крај како претседател на Собранието направи многу противуставни и противзаконски чекори, рече Христијан Мицкоски, пред денешната конференција на Паневропска унија на Македонија.

Мицкоски се осврна на иницијативите кои беа за нерегуларностите, а кои пропаднаа.

„Без разлика што сите тие иницијативи пропаднаа пред судот поради октроирано обвинителство и судство. Но, еден ден кога ќе биде ослободено од политичките пранги ќе можеме како јавност да сведочиме на сето она што е направено во изминатиов период од неговиот избор во 2017 година до денес“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека од Џафери и во следниот период може да се очекува да биде само полошо.

„Очекувам продолжување на лошите политики, иако можеби некогаш сме биле сите едногласни дека од ова полошо нема. Сега очекувам во овие 100 дена дека ќе биде полошо“, кажа Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Мицкоски: Го избираме потешкиот пат кон ЕУ, покусиот е полн со понижувачки предизвици

Катерина Ѓуровски

Мицкоски на Самитот на Македонија 2025: Поврзување на државата за поголем економски раст

Мицкоски го откри споменикот на хероите Македонци од Туминец, Преспа и Мала Преспа и порача дека повеќе од кога ни е потребно обединување

ВИДЕО: Мицкоски е лажго, идентитет е најсилен кога е дел од Европа, а не кога е затворен во изолација и сиромаштија, вели Филипче

Телохранителот на Мицкоски ја давел сопругата пред очите на малолетната ќерка

А1он