ВИДЕО: Дупка длабока 20 метри се отвори на патот Маврово-Дебар

Од:

Огромна дупка се отвори на патот Маврово-Дебар. Најверојатно, ова е последица на лизгање на земјиштето, а зафаќа една цела коловозна лента. Дупката е со длабочина од околу 20 метри.

Очевидци велат дека поради навременото превенирање од полицијата, избегнат е несреќен случај бидејќи патот е фреквентен.

Патот беше целосно затворен за сообраќај до 12 часот, поради опасност дупката да се прошири и на другата сообраќајна лента. Оспособен е помошен пат и делницата е отворена за сообраќај.

Дупката се пополнува со песок информираат од ЈП за одржување магистрални и регионални патишта.

Би можело да ве интересира

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово