(ВИДЕО) Дуковски: Како ќе дадам одбрана ако немам вештачење, на кристална кугла ли ќе гледам?

Од:

Законот за кривична постапка и сите меѓународни конвенции мене ме обврзуваат да му дадам најдобра можна одбрана на обвинетиот, како тоа јас ќе му дадам најдобра можна одбрана на обвинетиот согласно моите скромни познавања на законот за кривична постапка ако немам прочитано вештачење, на кристална кугла ли ќе гледам, праша адвокатот на Здравко Савески, Сашо Дуковски по завршувањето на рочиштето.

Тој истакна дека се согласува со Јавниот обвинител дека притворот е бесмислен, затоа што, според него, притвор не требало да има воопшто.

– Во оваа постапка не знам зошто имаше некакво вербално разговарање помеѓу двете странки во постапката. Минатото рочиште државниот правобранител не ни достави вештачење, истото кое што беше готово во претходниот предмет, само сега се сменети имињата, станува збор за исти настан, иста канцеларија. И ден денеска не ни е доставено, а на обвинетиот му е доставено вчера во 16:30 часот. Епа, не сум јас супермен да се спремам за 3 часа или дека ми е ова единствена обврска за некое вештачење, рече Дуковски.

Тој истакна дека нема никаков интерес да го одолговлекува судењето во услови кога неговиот клиент се наоѓа во притвор, што според него е бесмислено.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола