ВИДЕО: ДУИ расправа за напуштање на техничката влада

Од:

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи пред почетокот на Централното претседателство во Мала Речица најави дека две точки се на дневен ред и тоа излегување на сите функционери од техничката влада како и локалните избори.

-Одредени аргументи се дека и при оставка, министрите треба да останат на должноста до новата влада, но и дека ќе се деблокира состојбата.

Втората точка се локалните избори, според Уставот мандатот на градоначалниците се 4 години, следната недела настапуваат точно 4 години и ќе настане правен вакуум. ДУИ разгледува што со градоначалниците во тој правен вакуум како и да се разгледаат кои се кандидатите за наредните избори, рече Османи.

Според Османи, и меѓу правниците, и во рамки на партиите постои мислење дека евентуално напуштање на позициите ќе ја деблкира состојбата. Доколку изглегување од институциите ќе помогне во деблокирање на состојбите, ДУИ ќе донесе таква одлука.

ДУИ има повеќе од една третина министри во владата, оставката на една третина е паѓање на влада, но и паѓање на влада значи останување до нова влада, рече Османи.

Тој кажа дека ДУИ не сака нови избори, ги разгледува само сите опции кои експертите ги укажуваат дека се можни за деблокада на политичката состојба.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија не е, и никогаш нема да стане „третата српска република“

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

ДУИ: Единствениот Албанец од вкупно 12 во Комисијата за наградата „8 Септември“ се предлага самиот себеси за добитник

Влен: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги „изгоре“ во Изборна единица 1

Влен: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието

Османи: Разобличив уште една манипулација на ВЛЕН

Горан Наумовски