ВИДЕО: ДУИ на локалните избори ќе излезе со нови кадри

Од:

Пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмали од собранискиот прес-центар рече дека Демократската унија за интеграција е подготвена за престојните локални избори и очекува Претседателот на Собранието Талат Џафери да ги распише на 6 август како што најави, за да се одржат на 15 октомви.

– ДУИ е подготвена за изборите, направени се сите неопходни подготовки во партијата за престојните избори кои ќе следат во првата половина на октомври. Даваме поддршка тие да бидат распишани на 6-ти август. Очекуваме дека кадрите на ДУИ и по локалните избори повотрно ќе раководат со тие Општини, рече Исмаили.

Тој не откри детали за кандидадатите за Градоначалници, но рече дека дел од кадрите кои раководеле досега со Општините дале позитивни резултати и дека дел од нив ќе бидат повотрно кандидирани, но како што рече, ќе дадат шанса и на нови кадри.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата