Поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на своите вработени од коронавирусот, констатирал Државниот инспекторат за труд во рамки на своите инспекциски надзори.
-Државниот трудов инспекторат во насока на заштита на работничите права реализираше вкупно 3.236 инспекциски надзори при што се донесени 42 решенија и 152 укажувања за работодавачите кои не ги почитувале препораките на Владата, информира на денешната прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска.
Поголемиот дел од овие надзори, направени од 19 март до 21 април биле поврзани со постапување со претставки за платено отсуство на родител на дете под 10 години, самохран родител, бремени жени и хронично болни лица.