(ВИДЕО) Донев: Градоначалникот на Гази Баба сака да ја презадолжи општината со 1 милиони и 200 илјади евра

Од:

„Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ беше планирано да се изгради фекална канализација во населените места Гоце Делчев, познато како Скопско Поле каде што сме сега, понатаму Трубарево, Идризово, Јурумлери, Колонија и Дрма. И верувајте дека и ќе беше реализирано.

А сега, се наоѓаме во ситуација кога Градоначалникот Ѓорѓиевски сака да ја презадолжи општината со 1 милиони и 200 илјади евра, а Петре Шилегов сака да потроши 5 милиони евра за дислокација на веќе постоечки објекти како галиите од речното корито во Центар“, рече Ристо Донев, советник на ВМРО-ДПМНЕ во советот на О. Гази Баба.

„Ова е класично недомаќинско работење. Ова е класично расипничко работење.

Еве му порачуваме на Петре Шилегов 5те милиона евра наменети за дислокација на галиите да бидат пренаменети за изградба на канализација во овие населени места.

Доколку Шилегов сака да ги дислоцира галиите, тоа нека не го прави со парите на граѓаните, туку нека си го направи од сопствените доколку ги има, од кириите или ако си заработил.

Граѓаните не заслужуваат нивните пари да бидат трошени за исполнување на лични хирови на Петре Шилегов и Борче Ѓорѓиевски“, изјави Ристо Донев, советник на ВМРО-ДПМНЕ во советот на О. Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Власта е уплашена и нервозна, искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

Филипче: Во калта на Мицкоски нема да влегувам, ќе продолжам да го разобличувам

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко, пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери