ВИДЕО: Донесен буџетот нa општина Струмица за 2016 година

Од:

Советот на општина Струмица го донесе буџетот за 2016 година кој изнесува 1 милијарда 76 милиони денари, а дополнително со кредитни задолжување 1 милијарда 116 милиони денари. Основниот буџет на општината изнесува 545 милиони денари.

Градоначалникот Зоран Заев истакна дека во 2016 година планирани се преку 400 проекти.

– Во 2016 година ќе почнеме со изградба на мултифункционална сала, нова турска населба, проширување на гасификацијата, проширување на зонското паркирање, пробивање на пат од Свети Илија до Ловен дом, завршуваме со пректот Цареви кули. Ќе осовремениме 50 локации со парковско и хортикултурно уредување пред колективните згради, но и во центарот.Ќе отовирме и нов центар на заедниците, истакна Заев.

Тој додаде дека парите од буџетот се рамномерно распределени, една третина за населените места и две третини за градот согласно бројот на жители.

Најави дека со пари од други фондови општината ќе почне со изградба  на канализациски мрежи во селата Добрејци, Дабиле и Просенково, а најави и почеток на изградба на пречистителна станица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри