(ВИДЕО): Докторите порачуваат: Ве молиме! Придржувајте се до препораките, носете ги маските, одржувајте ја дистанцата.

Од:

Здравствените работници неуморно го даваат максимумот во третманот и грижата за пациентите. Капацитетите на болниците се веќе преполнети, а динамиката на излекување и прием на нови пациенти е се потешко одржлива. Целиот медицински персонал е преморен, но тие не се откажуваат во грижата за нашите пациенти – велат од Министерството за здравство во бојавата проследен со видео во кое повеќе лекари повикуваат на почитување на мерките.

Во видео обраќањето, д-р Милена Стевановиќ, д-р Дејан Докиќ, д-р Калина Гривчева-Старделова, д-р Илир Демири, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Димитар Каркински и медицинскиот техничар Сабри Азири порачуваат да бидеме нивната поддршка. Тие апелираат да ги почитуваме мерките за да може да им помогнеме и на нив, кои изминативе 9 месеци се во првите борбени редови.

„Ангажирани сме цело време со сета наша желба да дадеме најдобро што можеме. Одамна престанавме да пресметуваме работно време. И ние имаме семејства, имаме деца, имаме постари родители. И ние не сакаме да ја однесеме болеста дома, ниту пак да се разболиме. Се трудиме и ќе настојуваме ниту еден пациент да не остане без потребната медицинска заштита за третман во болнички услови. Ова ќе трае и само сплотени можеме да дадеме придонес, за да можеме да им помогнеме на нашите пациенти. Ве молиме! Придржувајте се до препораките, носете ги маските, одржувајте ја дистанцата. Само така ќе излеземе победници во оваа битка.“, порачуваат докторите.

Би можело да ве интересира

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Над 40 камери прегледани и над 15 лица сослушани во врска со убиството на докторот во Железара

Предраг Петровиќ

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Чолакова-Дервишова: Лекарите не се чувствуваат безбедно, сакаат построги казни за напад на здравствените работници

Матичните лекари неколку часа нема да работат поради убиството на докторот во Железара