(ВИДЕО) Докторатот на Груевски: Поранешната влада направи многу за да се спречи перењето пари

Од:

Експремиерот Никола Груевски докторираше на Економскиот факултет во Скопје на тема „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“.

По одбраната на докторската десертација, први му честитаа двете ќерки, а потоа и неговата мајка Нада, која му кажа „браво“. Меѓу присутните не беше неговата сопруга Боркица. Груевски четири часа пред петчлена комисија елаборираше за темата, а најчесто ги споменуваше странските инвестиции донесeни во Македонија во периодот на неговото владеење, поради, како што рече, реформските промени.

Откако во јавноста излезе информацијата дека Груевски ќе брани докторат, имаше реакции дека истиот е платен со државни пари, информација која тој ја демантираше. Се тврдеше и дека тој докторира откако ги партизирал сите институции, вклучувајќи го и Економскиот факултет во Скопје. Изминатите години јавно се зборуваше за неговиот просек на факултетот, кој бил 6.1, за потоа, додека бил премиер да преполага испити за да добие повисок просек од Економскиот факултет – Прилеп со цел да докторира. Груевски никогаш не ги демантираше овие тврдења.

Тој својата политичка кариера ја почна како дипломиран економист, а потоа, откако стана премиер во 2006 година, магистрира на Економскиот факултет во Скопје. Одбраната на докторската десертација доаѓа година и пол по неговото заминување од сите високи позиции.

Експремиерот и експретседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска цел час ја презентираше докторската дисертација, а комисијата неколкупати побара да ги скрати своите образложувања. Тој одговораше на 8 прашања поставени од комисијата и две од јавноста присутна во салата. По писмен пат, професорот Александар Костадиновски го праша Груевски „Како е испран странскиот капитал од Македонија, на кој начин и во кои држави е однесен“, на што тој одговори „Поранешната Влада презеде многу чекори за да се спречи можноста за перење пари“.

„Странски директни инвестиции во Македонија резултираа со пораст на македонскиот извоз од 1,9 милијарди во 2006 година, на 4,3 милијарди евра во 2016 година. Околу 40 посто се странски директни инвестиции или изразено во средства 1,7 милијарди“, рече Груевски презентирајќи го докторатот.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он