(ВИДЕО) Доктор Беговиќ: Бараме под итно да се променат состојбите во здравството

Од:

Лидерот на лекарскиот синдикат, доктор Горан Беговиќ на денешниот протест на здравствените работници излезе со став дека тие се огорчени од моменталната ситуација во здравството, како и дека бараат под итно промени.

– Се собравме овде за нашиот колега и соработник истовремено и да изразиме револт према статусот на здравствените работници во Република Македонија. Огорчени сме на целата ситуација и бараме под итно да се променат состојбите, рече Беговиќ.

Според него, јасно е дека барањата се упатни до министерството за здравство кое и покрај дебатите и барањата, не ги прифатило нивните мислења и предлози.

– Јасно е од кого бараме, од ресорното министерство бараме, од директорите и менаџери бараме, они одбираат други начини на комуникација со нас. Не ги прифаќаа нашите сугестии. Имаше јавна расправа кратка на која кажавме што кажавме, што се прифати, не се прифати. Сакаме од почетокот на измените на законската регулатива да учествуваме како синдикат. Затоа што ги знаеме проблемите на луѓето, истакна Беговиќ.

Беговиќ истакна дека ова е еднодневен протест, а од утре, доколку надлежните ги слушнат нивните барања, планираат да продолжат со рамноправна партнерска комуникација со министерството.

– Ова е еднодневен протест, ние сме за соработката, не сме за никаков штрајк. Ова е прво поддршка за колегата, се надеваме дека надлежните институции ќе разберат и ќе имаме понатака рамноправна партнерска комуникација. Од утре ќе продолжиме во форма со соработка со министерстовото. Овие денови видовме позитивни чекори од министерството и мислам дека заеднички ќе го подобриме здравството. Овие барања се во континуитет. Терминот не го прифативме, за нас терминот ваков каков што е направен не фукнционира во пракса и не е прифатлив, но за жал немаа слух, рече Беговиќ.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада