(ВИДЕО) Доктор Андоновски: Постои страв кај лекарите да ги одбранат своите права

Од:

Доктор Ангелчо Андоновски во разговор за „А1он“ говори за партизацијата во македонското здравство која навлегла длабоко во системот. Наместо лекари кои ќе работат за пациентите, вели тој, имаме послушници. Тој прашува дали некој ги штити оние лекари кои не сносија одговорност иако нивните пациенти настрадаа.

Со тоа што министерот за здравство, Никола Тодоров, не поднесе оставка на барање на јавноста, покажа дека моралот е категорија што повеќе не постои во врвот на хиерархијата. Случајот, пак, со малата Тамара ја исфрли на површина не само партизацијата, вели докторот, туку и тоа што нема унапредување на занаетот и покрај тоа што Министерството постојано праќа лекари на обука во странство.

– Потребна е тотална департизација на здравството. И луѓето со партиски марк треба пред се да бидат лекари, а не да бидат послушници.

Партизацијата сега е со невидени размери. Послушници не ни требаат, туку луѓе кои ќе ги згрижат пациентите и ќе им помогнат. Што се однесува до Тамара, кај нас треба да има услови за изведување на таква операција, но требаше и по првото барање да се оперира надвор поради специфичноста и тежината на случајот.

Копликацијата можеше да се среди. Ние имаме добри стручњаци, но имаме и приказни дека кадарот се едуцира на престижни клиники во странство. Сепак никој не донесе нов метод ниту подобрување на нашите способности – вели Андоновски.

Не се секогаш лекарите виновни, смета докторот, туку одговорност треба да сносат и оние ко раководат со болниците. Ваквите несреќи се случуваат, вели тој, затоа што здравството ги губи своите лекари и тие си заминуваат надвор од земјата, или пак се селат во приватниот сектор.

– Постој кадри што се штитат, но повисоки инстанци треба да кажат дали се заштитени овие лекари кои ги направиле грешките, дали треба да одговараат. Прашањето е дали тие луѓе што не раководат треба да сносат вина за овие случаи. Не се секогаш лекарите виновни. Ние немаме кадар затоа што лекарите бегаат надвор од границите на оваа земја. Тоа е жалосно затоа што сепак сме дале заклетва да му помагаме на нашиот народ. Буквално имаме недостаток на кадар. Потребно е едуцирање на нова плејада лекари за да има персонал кој ќе одговори на потребите – посочува тој.

Андоновски вели дека апсењето на првиот синдикалец, д-р Дејан Ставриќ, претставува притисок кој што го чувствуваат лекарите. Од тие причини, вели, се намалува нивната храброст да се изборат за своите права.

-Тоа е притисок од надвор кој го чувствуваме во самиот разговор со колегите. Постои страв и можеби затоа никој од синдикатите не успева да ги одбрани правата на лекарите. Но во последно време мислам дека почнуваме да се будиме како интелектуалци – вели тој.

Освен ниските плати, причина зошто лекарите го напуштаат државното здравство е и деградацијата на струката. Андоновски вели дека е ова е најтешкиот проблем со кој лекарите се соочуваат.

-Ние како фела треба да бидеме лекари, а не да тераме политика, или некој од страна да ни диктира како се прави тоа. Тие не знаат што треба да се прави во здравството подобро од лекарите кои го работат тоа. Деморализацијата не доведе до ова дереџе денес – посочува тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада