(ВИДЕО) Дојдов до избирачки списоци, знам кој како гласал

Од:

СДСМ објави разговори за кои кажа дека се на министерот за траснпорт  и врски Миле Јанакиески со Сашо Мијалков.

Транскрипт

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Коста

МЈ: Добар ден.
К: Ало Миле, Коста на телефон, општински изборен центар. Како си?
МЈ: Добро, Коста?
К: Јас, нешто успеав тука да извадам, едно четири пет избирачи што беа надвор од вреќите…
МЈ: Добро.
К: Така да кога ќе имаш време денес да се видиме, да ти ги дадам.
МЈ: Одма кај мене на работа иди, шо.
К: Кај си ти?
МЈ: Во Министерство за транспорт, зад Собрание.
К: Зад Собрание сте, у на МНР зградата?
МЈ: Да, и уште една работа.
К: Кажи.
МЈ: Може ли бе за овие болните да не обновуваме документацијата?
К: А бе јас би сакал да биде таака, и логиката мене така ми вели. Меѓутоа, насоките на ДИК се такви.
МЈ: Четири-пет избирачки или…?
К: Четири-пет избирачки, да.
МЈ: Не може повеќе, а?
К: Не може. Тие беа надвор, луѓето што беа тука, што собираа, што гледаа од комисијата не беа тука и успеав да ги тргнам на страна, ги ставив во кола…
МЈ: Ги ископира или не?
К: Не, не, него оргиналите.
МЈ: Ајде чао.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Сашо Мијалков

МЈ: Сашо?
СМ: Мхм?
МЈ: Една консултација. Со премиерот нешто у билатерална сала. Една консултација.
СМ: Ааа, добро, кажи.
МЈ: Излегов. Избирчакиот материјал.
СМ: Да.
МЈ: Четири избирачки списоци, дојдов до нив, да видам кој точно гласал кој не. Е сега, избирачкиот материјал е во една просторија кај што имаме клуч.
СМ: Аха.
МЈ: Тие се заврзани во едни црни вреќи, ккако што ми објаснуваа и имаат од оние пластичнине ако ти текнува што се затегнуваат, пластични едни?
СМ: Аха.
МЈ: Има ли од МВР вешт или да појде да види, ако може да ги отвориме без да се сецка?
СМ: Ај кога ќе. Слушај, кога ќе дојдам, да не го збориме ова, пошто сега сум ја у туѓа мрежа. Не знам кој ме слуша, надвор сум ја.
МЈ: Добро ај барај ме.
СМ: Рачунај јас вечер, најкасно до 12-1 сум во Скопје.
МЈ: Барај ме.
СМ: Сега се качувам во авион и се враќам у Скопје.
МЈ: Ајде барај ме, чао.
СМ: Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Сашо Мијалков

СМ: Миле шо праиш?
МЈ: Добро бе еве у Јагуновце сум нешто, па се враќам назад.
СМ: Кажи ми шо праиме со општинскиве денеска? У колку?
МЈ: Утре ги викав јас. Нема да стигнат денеска. Сите собираат денеска, цел ден има состаноци.
СМ: Епа добро, утре нека биде тогаш ај.
МЈ: Утре, ќе ти пуштиме ние. Слушај што те барав вчера.
СМ: Кажи.
МЈ: Овие што се, избирачкиот материјал е, четири најдовме такви списоци веќе, ќе ги дајме на тие што не изглегле да молиме од врата до врата.
СМ: Мхм.
МЈ: Другите се во црни вреќи. Е сега. Во вреќи се и ставени се во едно депо во Општина Центар. Имаме клуч од таму, ама…
СМ: Од избирачките списоци?
МЈ: Да.
СМ: Па нели го имаме избирачкиот список целиот комплет?
МЈ: Не не не. На тој што е гласано минатата недела. На тој што се потпишуваа.
СМ: Аха.
МЈ: За да знаеме кој излегол кој не излегол. За четири избирачки места го најдовме. Е сега за останатите, во црни вреќи е. Ги знаеш оние пластичните што се затвараат? Кога ќе го тргнеш само се затвара. Како, како наа патент. Пластично е, и со жиг е ставено.
СМ: Добро.
МЈ: Да појде некој, не знам сега дали имата такви луѓе, да го отворат да не се познае дека е отворено?
СМ: Е сега не знам треба да го видиме тој механизам. Мене не ми текнува каков механизмот е тој, ама ај…
МЈ: Абе знаеш како е, како пластично, долго е и само се стега како ортома.
СМ: А, како жица она.
МЈ: Ее така.
СМ: А,знам едно у друго што влага и како жица.
МЈ: Така, е така. Да појди некој од твоиве…
СМ: Па да се стаи ново, што?
МЈ: Ама кај ќе најдеме такво исто?
СМ: А? Па ќе најдеме кој ги става тие?
МЈ: Оти чепат има. ДИК.
СМ: Па од ДИК нека дадат нови и готово, што?
МЈ: Не, ама печат удираат.
СМ: А што ќе ни е тоа, да видиме кој не излегол?
МЈ: Да.
СМ: Па шо ќе напраиме со тоа?
МЈ: Епа на нив ќе одиме посета од врата до врата ќе ојме, ако се наши ќе ги притисниме.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски