ВИДЕО: Договорена безбедносна соработка меѓу полициите на Македонија и Катар

Од:

Министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски денеска, во Доха, Катар оствари работна средба со неговото височество Шеик Абдулах Бин Насер Бин Халифа Ал-Тани, премиер и министер за внатрешни работи на Државата Катар. На средбата беше разговарано за интензивирање и унапредување на соработката во областа на безбедноста, борбата против тероризмот, борбата против организираниот ранснационален криминал, технолошката и техничката соработка и друг вид на полициска соработка. Потврдувајќи ги своите заложби за идна соработка, на оваа средба се потпиша и Писмо за намера за безбедносна соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Државата Катар. Со Писмото за намера ќе им се овозможи на нашите кадри преку обуки и размена на искуства во различни области да се запознаат со системот за внатрешна безбедност на Државата Катар кој функионира на високо професионално ниво.

Со цел континуитет во соработката меѓу двете земји, како и имајќи во предвид дека по отворањето на директната авионска линија Скопје-Доха, зголемен е бројот на лица кои се движат од и во Македонија и Катар, како и глобалните безбедносни ризици и предизвици, ова Писмо за намери ќе помогне во зголемување на безбедносната соработка.

За време на претстојот, министерот Спасовски и соработниците ќе ги посетат и Националниот команден центар, Одделот за криминалистички истраги, Центарот за борба против трговија со дрога на Советот за соработка на земјите од Заливот, Националниот комитет за борба против тероризам, и ќе бидат остварени средби со нивните раководители.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Документи и фотографии откриваат: Израел им продал напредни воени системи на Катар и Саудиска Арабија

ВИДЕО: Експлозија во постројка за течен гас во Катар, 54 повредени, 18 се водат како исчезнати

САД и Катар ќе „одмрзнат“ шест милијарди долари сопственост на Иран

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници