(ВИДЕО) Додевски: Станува збор за многу тежок вид на клевета

Од:

Адвокатот на премиерот Никола Груевски, смета дека клеветата која ја изнел лидерот на опозицијата Зоран Заев е досега најтежок облик на изнесување невистини и затоа е убеден дека правната разврска ќе биде во полза на неговиот клиент.

Додевски во судница се противаше да се одложи рочиштето, зашто според него законот не налага облигаторно прекинување на постапката зошто поднесената кривична постапка за Македонска банка нема мегусебна зависност со тужбата за навреда и клевета поднесена од Груевски.

Адвокатот на премиерот не одговори дали го чул аудиото и дали можеби го препознал гласот на Груевски, објаснувајќи дека не коментира докази надвор од судница.

„Не се впуштам во коментирање докази надвор од судницата. Ќе ги чуете нашите ставови и како што видовте денеска подготвителното рочиште се откажа а на наредното рочиште ќе ги чуете ставовите околу доказите“, рече Никола Додевски.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“