ВИДЕО: До ВМРО-ДПМНЕ стигнале осум кандидатури за претседател на државата

Од:

До ВМРО-ДПМНЕ притигнале осум кандидатури за претседател на државата. Рокот за пријавување заврши, а имињата ќе бидат осоопштени најдоцна до вторник.

„До архивата на партија пристигнати се 8 кандидатури, но конечниот број апликанти ќе биде познат деновиве со оглед на фактот дека некои од апликациите би можеле да стигнат и по пошта. Сите кандидатури дополнително ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проверка на законски предвидените услови за кандидати за претседател на Република Македонија, по што, најдоцна до вторник, ќе бидат соопштени и имињата на кандидатите“, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека на сите кандидати што ги исполнуваат условите за претседателски кандидат ќе им бидат обезбедени време и простор за презентација на својата програма од страна на партијата пред општинските комитети и членовите во период од 6 до 16 февруари.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи достапност до партиските разграноци за секој кандидат еднакво во согласност со принципите на демократијата, со цел членството да може да ги чуе нивните идеи, ставови и аргументи. ВМРО-ДПМНЕ е прва партија во Македонија која отвора ваков широк процес на презентација типичен за развиените демократии, каде што секој кандидат има можност за непосредни средби со членството и негово запознавање со своите гледишта за државата“, рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски