(ВИДЕО) Димовски: Граѓаните нема да поддржат калкулирање со националниот идентитет и со името на Македонија

Од:

Конечно после две години доаѓаме во момент во кој што барем очигледно четирите најголеми политички партии, а и независните пратеници некако консензуално се согласија да се одржат предвремени парламентарни избори во Република Македонија, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

– Тоа е очекувана одлука заради тоа што македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите, не заслужуваат онаква дестабилизација каква што беше приредена. Граѓаните не заслужуваат, не поддржуваат и не прифаќаат рушење на институциите на државата онака како што имаше обид да се направи тоа. Граѓаните не прифаќаат нити обиди за рушење на монетарниот и банкарскиот систем онака како што неколку така наречени експерти, а всушност бивши министри од владите на СДСМ се обидоа да го направат со внесување на страв дека банките во Македонија штотуку не пропаднале, рече Димовски.

Според него, граѓаните нема да поддржат пазарење со внатрешните меѓуетнички односни.

– Граѓаните нема да подджат политика што значи виткање на кичмата и калкулирање со националниот идентитет на Македонскиот народ и со името на Република Македонија, онака како што лидерот на Социјалдемократскиот сојуз неколку пати кажа дека има намера да направи, додаде Димовски.

Следните 50тина дена како никогаш досега ќе бидат клучни дали Македонија ќе чекори по патот што значи стабилност или ќе дозволиме на разноразни удбашки структури повторно да ја вовлечат оваа држава во сомнителен колосек, рече тој.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик