(ВИДЕО) Димовски до СДСМ: Барајте си пријатели по белиот свет, во Македонија повеќе немате

Од:

На 5 јуни со или без вас, граѓаните на Македонија ќе го изберат новото Собрание. Да си барате пријатели секаде по белиот свет заради тоа што во Македонија повеќе ги немате, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Тој кажа дека СДСМ продолжува со срамна, деструктивна и кукавичка политика. Според него, единствен срам за политичар е да бега од избори.

-Се радувате заради тоа што бегате од избори, алал вера. Почитувани колеги пратеници, од народот нема да избегате. Ниту еден меѓународен посредник, ниту еден измислен пријател нема да ве заштити од волјата на народот. Народот ќе си дојде по своето и народот ќе го врати суверенитетот на оваа држава таму каде што му е местото, рече Димовски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела