ВИДЕО: Димовски бара итна седница за договорот со Бугарија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повторно бара да се свика итна седница, пред потпишување на договорот со Бугарија. Илија Димовски посочи дека договорот е од стратешка важност за зачувување на добрососедските односи и, иако содржината на договорот е објавена, тоа според него не значи дека се намалила итноста од свикување на собраниска седница.

-Барам во најбрз можен рок да се свика итна седница за потпишување на Договорот со Бугарија. Вчера пред потпишувањето, бугарското собрание го разгледа договорот и даде насока на нивната влада како да постатпи. Добрососедството е стратешки значајно и одговорноста треба да е заедничка. Треба да се потпише договор ,но со забелешките кои ги дадовме како препорака. После тоа се губи смислата за седница, рече Димовски.

На вчерашниот отчет за работењето на СОбранието, претседателот Талат Џафери изјави дека не е неопхопдно свикување итна седница за договорот со Бугарија, бидејќи владата го обелодени за јавноста.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус