(ВИДЕО) Димков: СДС прави изборни злоупотреби

Од:

„СДС прави изборни злоупотреби.

СДС во период пред избори преку хуманитарна организација во Штип, ангажира волонтери во штипската Клиничка болница со ветување дека по изборите истите ќе бидат вработени. Додека само пред месец дена, директорот поставен од страна на СДС ги раскина договорите на над 40 волонтери, кои беа ангажирани подолг временски период наназад за да сега се вработат нови пред изборите.

Волонтерите се ангажираат преку хуманитарна организација, а работат во Клиничката болница во Штип.

Ова е скандал од меѓународни размери и пример за партизација.

СДС ја спроведува политиката на Заев за бркање од хигиеничар до министер на сите кои не се СДС, за на нивно место да се постават членови на СДС.

Во штипската јавност се погласни се информациите дека директор на Клиничката Болница Штип, Ален Ѓоргиев и носител на советничката листа во Штип на ангажираните лица им ветувал дека по завршувањето на изборите ќе бидат вработени.

Почитувани, ова е скандал од меѓународни размери! Ова е злоупотреба на хуманитарната организација.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува и претставниците на меѓународната заедница во Македонија да реагираат на овој чин на партизација.

Целата македонска и штипска јавност се згрозени од злоупотребите кои се вршат од страна на функционерите на СДС на локално ниво.

За ваквата партизација и злоупотреба на институциите за вработување на партиски активисти, граѓаните ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, изјави Трајче Димков.

Би можело да ве интересира

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС