(ВИДЕО) Димитров: Важно е Штип да добие градоначалник, гласајте за Сашко Николов

Од:

Чест ми е што сум во вашиот град Штип, со кандидатот на СДСМ и иден градоначалник на овој убав македонски град, Д-р Сашко Николов. Со него се знаеме од моите кратки собраниски денови, меѓутоа доволно беше да ми остави впечаток на исклучителен човек и убеден сум дека гласајќи за него, гласате за вашиот град Штип, во сигурни раце – рече Никола Димитров на предизборното претставување на кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Сашко николов.

„Важно е во ова време, невреме, Штип да има локална власт со целосен демократски легитимитет. Важно е да излезете, јас се надевам дека ќе биде исто така убаво време и за една недела, на 13 декември и да го заокружите бројот 2 за Штип да добие еден ваков квалитетен, професионален, исклучителен градоначалник, Д-р Сашко Николов“ – порача Димитров.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена