(ВИДЕО) Димитров: Основната причина зошто чекорите кон правда и одговорност се пребавни е токму опозицијата

Од:

„Недалеку одовде на следниот билборд, опозицијата ДПМНЕ има поставено порака: „Правда за сите. Без исклучоци.“ Гротескноста на таа порака народот ја нарекува „држте го крадецот или арамијата.“

Основната причина зошто чекорите кон правда и одговорност се пребавни е токму тоа што за опозицијата во последните години на нивното политичко делување, врвен приоритет е да се бега од правдата, да застаруваат случаи, нивниот напад врз СЈО, не врз поединци коишто се огрешиле од законот, туку напад врз СЈО како институција и нејзината мисија“, рече Никола Димитров, носител на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“.

„Мора да има одговорност за тие што се огрешиле од законот.

Затоа на 15 јули мора убедливо да ги поразиме, за чекорите кон правда да бидат многу посилни и поодлучни.

Битката на чесните против нечесните, притоа не зборувам тука за партии и идеологии, насекаде, и „нашите“ и „нивните“, е најважната битка за нашата иднина и за нашите деца“, изјави Никола Димитров, носител на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он