(ВИДЕО) Димитров: Денес сум во Прилеп за поддршка на Илија и за живот на сите

Од:

„Чест ми е што сум тука да го поддржам Илија, кандидатот за градоначалник.

Мислам дека тоа што го почнавме во Декември, имаме сега прилика и шанса да го завршиме со локалните избори, се разбуди Македонија, ни требаше извесно време.

Успеавме како народ да се организираме во услови кога ни потфрлија институциите, потфрли полицијата, потфрли судството, потфрлија јавните обвинители. Се собравме, разни линии прекршивме, да се дигнеме заедно и да кажеме не, и на страмот и на очигледното зло и сега би требало да е полесно бидејќи нема страв, да ја завршиме таа работа и да го дигнеме системот.

Јас во рамките на моите наддлежности во Владата се обидувам да го отворам патот напред, мора да има Македонија иднина и мора да има перспектива, ако сака да си ги задржиме нашите млади дома. Мора да работиме многу почесно, мора да не се преправаме, тоа што го зборуваме проекти итн, да биде вистина, да биде суштина, да не биде само фасади и мислам дека созреавме овие неколку години, мислам дека можеме да препознаеме кој зборува и кој си го почитува зборот и кој прави.

Мислам дека не сме веќе робови на буквите, гледаме што е целта и кои се идеалите, а не кој под какви букви настапува, барем јас ова го доживувам како битка за Македонија, да си ја спасиме државата, да си ги задржиме децата тука.

Уште 8 дена имаме шанса да разговараме, да отвараме прашања и во Недела да си ја затвориме работата и да ја завршиме таа приказна што ја почнавме во минатиот Декември“, изјави министерот за надворешни работи,,Никола Димитров, кој беше во Прилеп да даде подршка на кандидатот за градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори