(ВИДЕО) Димитров: Ако на Филипче му беше до политички поени, не успеа, живееме во трансфобична држава

Од:

Трансродовите лица се емотивно скршени, омаловажени, навредени и разочарани по вчерашната серија навреди на социјалните мрежи кога министерот Филиче избрза и даде изјава дека ќе има беспалатна операција за промена на полот, вели Славчо Димитров од коалицијата за борба на првата на маргинализирани лица „Маргини“ за „А1 он“. Според него, вчерашните реакции покажале дека живееме во држава полна со предрасуди и омраза кон различните. Тој не го оправдува потегот на Филипче што дал таква изјава, но смета и дека треба да сноси одговорност за повлекувањето на изјавата затоа што им дал лажна надеж на трансродовите лица.

„Не знам дали неговиот потег беше за собирање политички поени и како би ги собрал во едно вакво општество, во држава која е трансфобична. Можеби потегот е храбар, да кажам, но мора да се внимава со давање изјави и носење одлуки бидејќи последиците од ваквото однесување ги чувствуваат трансродовите луѓе. Повлекувањето на изјавата е неумесна рекација и под притисок на јавноста Министерството ќе треба да си ја коригира постапката“, рече Димитров.

Навредите на сметка на трансродовите лица се неоправдани, а овие лица од целата ситуација се колатерална штета, вели тој.

„Не знам како моите пријатели од трансродовата заедница утрово успеаја да се разбудат со желба да живеат по вчерашните навреди на нивна сметка. Она што вчера се случи покажа дека ние сме општество полно со омраза, предрасуди и без чувство на солидарност. Се прашувам дали немаат грам сочувство кон овие луѓе како тие живеаат и што секојдневно се соочуваат. Навистина не знам како овие луѓе успеајаа да продолжат да живеат, по оние навреди што го прочитаа.Не сакам да бидам во нивна кожа.“

Димитров од „Маргини“ жестоко реагира на статусот на актерот Драган Спасов- Дац, кој според него поттикнал лавина реакции и говор на омраза кон трансродовите лица.

„Доволно е да се отвори оној мизерен статус на човекот кој пијан со автомобил удри девојче и притоа цела јавност молчеше, мислам на Дрaган Спасов-Дац, кој објави статус со невкусна шега на наша сметка и тој статус за неполни 7 часа доби 8.000 лајка, над 1.000 споделувања и серија коментари со говор на омраза“, вели Димитров.

Од коалцијата „Маргини“објаснија дека имало работна група што работела на проблематиката за промена на полот, но дека сè уште не биле донесени одлуки  како законски ќе се регулира. „Маргини“ не била известена дека Министерството за здравство планира ваков потег.

Инаку, вчера Филипче изјави дека операцијата за промена на полот ќе биде на товар на Фондот, но за само неколку часа, под притисок на јавноста ја повлече одлуката.

Би можело да ве интересира

Британскиот премиер: „Мажот е маж, а жената е жена“

(ВИДЕО) Трансродова инфлуенсерка ја налути, па ја напушти Америка: Познаваш ли некоја жена што се однесува вака?

Од 11 април родно неутрална категорија во пасошите во САД

А1он

Владата го повлече предлогот на Законот за матична евиденција, за измени и дополнувања

А1он

Британија одби да издаде родово неутрален пасош

А1он

Легендарната Мартина Навратилова бара регулатива за трансродови спортисти