(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

Од:

Правната држава е целосно погребана. Дилот меѓу ВМРО-ОКГ и ДУИ се реализира пред очите на јавноста. После театарот на граница, со договорено враќање и режирано снимање, каде го видовме како Груби доаѓа насмеан, со наочари, следуваше продолжение со куќен притвор. Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено. Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци говори. Го сменија јавниот обвинител, избраа судии и обвинители под нивна контрола, вели Алескандар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

– Сопруга на екс градоначалник на ВМРО назначија за член на Судскиот совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд, в.д. обвинителка избраа на поранешен заменик-министер на ВМРО. За в.д. претседателка на Кривичен ја назначија Даниела Димовска. Синоќа видовме зошто. За да бидат алка во рацете на власта, инструмент за реализација на политичките одлуки на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
Како одлуката за куќен притвор, каде одговорноста е кај обвинителството и судството. Како еднаш избегал, вчера обвинителството побарало поблага мерка од претходно веќе одредената мерка притвор.

Замислете, еднаш избегал, а сега Обвинителството бара замена на мерката притвор со мерка куќен притвор. Кој е предметен обвинител за овој случај? Даниел Коцев. А негов шеф? Обвинителот Анел Фидоски. Тој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година како одговорен на најголемото обвинителство во државата, значи пред 1 месец. На кого веќе ова сценарио не му е јасно? Два месеци говориме за ова. Очигледно доаѓањето на Груби временски било темпирано. Прво преземање целосна контрола врз обвинителството со нова раководна поставеност, па потоа реализација на дилот меѓу ВМРО и ДУИ. Дополнително, видовме дека и целиот затворски систем е капитулиран пред политичките договори. „Не можело да му се гарантира безбедност“, па го пуштија дома. Ниту еден час не помина во Шутка. Нема ниту една камера за 5 тони дрога, а има камери за Груби на граница. Камерите „случајно“ не работеа ниту кога Груби излезе од државата, слободно, пешки, со пасош, иако бил на „стоп“ листата. Ама за враќањето на Груби камери има – од граница, од пречек, до Обвинителството и Судот. И веднаш медиумите под контрола на Орбан, спремни, во иста минута сите со кампања. Целосно режирано, само овој пат лоша реализација. Како Катица што ја пуштија 3 години порано за да им помага како елемент во кампањата за враќање на Груевски. Цела банда ја собираат. Главниот и одговорен уредник за жолт печат, Христијан Мицкоски, сега е уредник на циркус со кој се погребува правото и правната држава. Сè е јасно, сè е договорено, смислено сценарио. Дил. Само уште да видиме што ќе добие ДУИ за возврат од ВМРО-ОКГ. Можеби им поминуваше со години, но повеќе не – граѓаните не се наивни ниту слепи. Граѓаните конечно гледаат сè и знаат. Одговорност ќе има, вели Димитријевиќ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор е од обвинителството на СДСМ и омилените обвинители на Венко

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

Обвинителството за Груби бара домашен притвор, ќе бил во опасност во Шутка

Предраг Петровиќ