ВИДЕО: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, објави СДСМ

Од:

Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, крадењето мора да запре! Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на Христијан Мицкоски. Фирмата „Дигитал оне“, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тендери од скоро 9 милиони евра, народни пари. И сите овие тендери се со владини и државни институции во период од мај 2025 до денес ноември 2025. Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси 9 милиони евра за само 6 месеци. Или по 1,5 милиони евра месечно, изјави Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.

– Основана е од извесен Кристијан Арсовски и има само двајца вработени. Да, добро слушнавте, 2 вработени, со речиси 9 милиони евра добиени пари од граѓаните. Од шест државни тендери, дури четири се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски. И тоа не било какви тендери туку милионски договори.

Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра. Како е можно за толку кратко време фирма со двајца вработени да добијат речиси 9 милиони евра? Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е?

И секако, едно од прашањата е дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димса Арсовски? Повикуваме Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да регираат, да отворат истрага. Овој скандал има и други сомнителни аспекти за кои ќе продолжиме да говориме. Ова е истиот криминален систем, истата криминална шема на Никола Груевски кој 11 години ја ограбуваше Македонија и 2 милијарди евра се испумпаа од граѓаните, за што целата јавност слушна во бомбите. Мицкоски е само негов ученик и извршител. Предпредуваме, инситуциите да делуваат и да преземат мерки согласно законот, одговорност мора да има ќе има, кога тогаш! За сите! Крадењето мора да престане, веднаш, рече Димитријевиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците