(ВИДЕО) Димитриевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа земјоделците, намалени субвенциите за прв пат во историјата

Од:

Власта на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го понижи трудот и достоинството на македонскиот земјоделец. Со кратењето на парите за земјоделство во ребалансот, власта удри по грбот на земјоделците и покажа дека и овој сектор не ѝ е важен. Земјоделството, кое е еден од двигателите на економијата, а истовремено и извор на егзистенција на многу семејства – денес е жртва на незаинтересираноста и неодговорноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство.

-За прв пат од воведувањето на субвенциите во 2005 година, се кратат средства – финансиска поддршка за развој на земјоделството и за земјоделците. Пред избори ветуваа историски највисока поддршка, денес испорачуваат историски најниска поддршка – тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатите 7 години, во периодот на владата на СДСМ, не се има случено намалување на поддршката за земјоделците. Во 2023 година, финансиската поддршка изнесуваше 8,3 милијарди денари, а со ВМРО-ДПМНЕ е намалена на 6,7 милијарди денари.

Тоа значи над 30 милиони евра помалку за земјоделството – сектор од клучно значење за економијата и за обезбедување храна. Наместо со финансиска поддршка да го зголеми домашното производство на земјоделски производи – кое е најсигурно, најквалитетно и најисплатливо – владата свесно го турка во колапс, отворајќи простор за увоз на скапи производи.

Дополнително, после две години предвремена, авансна исплата од 30%, оваа година ВМРО-ДПМНЕ го укинува и тоа – нема да има. ВМРО-ДПМНЕ го намали и буџетот за програмата за рурален развој. Нема повеќе програми за мали семејни бизниси. Токму тие програми беа надеж за младите да се занимаваат со агробизнис, но и можност за развој на руралните средини. Од ветените 180 милиони евра субвенции што ВМРО-ДПМНЕ ги најавуваше, во буџетот остануваат едвај 110 милиони. А со укинување на лимитот за директни плаќања од 18 милиони денари, повторно се фаворизираат големите компании на штета на малите производители. Цената на оризовата арпа, од 40 денари, е намалена на само 26 денари – најниска во последните години. Цената на млекото е исто така намалена, а пченицата не може да достигне ни приближно 12 денари. Производната цена за грозјето, иако е законска обврска, сè уште не е јавно објавена. Истовремено, историската откупна цена на грозјето е зголемена за само 50 денари. Ова е директен удар врз семејните земјоделски стопанства, врз нивниот буџет и врз достоинството на луѓето кои со чесна работа го хранат народот. Ова е јасен показател дека нема да има ништо од лажно ветените реформи на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството ниту во следните години. СДСМ покажа што значи вистинска грижа за земјоделците и во најголемите кризи. Го вративме достоинството на земјоделецот и секогаш ќе бидеме на страната на земјоделците – со предлози и решенија за развиено земјоделство и задоволни земјоделци, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски за партиска милиција

Стојановска: Битиќи и СДС молчат и не се извинуваат

ВМРО-ДПМНЕ да каже дали преговараат за потпишување меморандум со компанија која е фатена во корупција и поткуп, велат од СДСМ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ удри по земјоделците, над 30 милиони евра помалку пари за земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со својата политика на сервилност и служба на бугарската агенда ја доведе државата до негирање од страна на Бугарија

(ВИДЕО) Талески: Тошковски да го повлече скандалозниот Закон за полиција, нема место за партиска милиција по теркот на Груевски