(ВИДЕО) Димитриевски од Свети Николе порача: Со масовен одзив на гласањето народот ќе покаже дека си ја сака државата

Од:

Кандидатот за Претседател на државата од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска ги посети Лозово и Свети Николе.

Обраќајќи се пред граѓаните тој рече:

„Тие што најмногу градеа во државата сега се доведени на дното, од аспект плаќаа, а денеска не може да користат. Градеа, а гледаат како пред нивни очи се урива. Отвораа фабрики, пред нивни очи се затвора сето тоа“ рече Димитриевски.

Тој потенцира дека последица на тоа е заминувањето на младите, кое е огромно. Според него, потребно е нештата суштински да се менуваат, бидејќи ова што се случува води во амбис, по приватизацијата на државата од оние кои 30 години ја практикуваат власта.

Димитриевски рече дека Македонија е долго време заложник на поединци.

„Ниту еден претседател досега не се одважи, додаде тој, да и каже не на партијата која го номинирала. Не се одважи да врати закон, да каже не за она што е против интересите на граѓаните. Со мене ситуацијата е поинаква и мојата обврска е кон оние кои ми ја дадоа поддршката за мојата кандидатура. А ќе работам за интересите на сите граѓани и на Македонија“, рече Димитриевски.

Димитриевски се задржа и на состојбата во стопанството. Тој рече дека за да се полни буџетот треба да се искористат природните ресурси и потенцијали и да ја трансформирате Македонија во самоодржлива држава.

Како пример за тоа што се случува посочи дека Македонија има три фирми за експлоатација на песок, а ниту една нема дозвола за ископ, а во државава се градат станови, објекти, секаде.

„Се краде на ангро, никој ништо не плаќа на државата. Песокот како најевтин материјал. Замислете што се случува со рудното богатство. Со рудите, со минералите, со мермениот комбинат и со икс други наши ресурси коишто треба да го полнат државниот буџет. Кај нас сите ја молзат кравата а никој не сака да ја рани“ рече Димитриевски.

На крајот Димитриевски упати порака до светиниколчани да излезат масовно на гласање.

„Тоа ќе биде сериозна порака и за власта и за опозицијата. За сите оние кои последните 30 години си играат со народот и се менуваат, а никому ништо не фали. Битно е да излезат сите. Нека гласаат за кого сакаат, но на овие избори, оваа година народот мора да ја покаже својата сила. Со масовен одзив на гласањето. Затоа што само така ќе испрати сериозна порака до политичката елита дека народот си ја сака својата држава без разлика колку и да не негираат и од надвор и од внатре. Јас преземам обврска заедно да ја чуваме Македонија како суверена, самостојна и независна република“ рече Димитриевски.

Вечерва Димитриевски е во Штип, каде што ќе има повеќе средби и ќе се обрати пред граѓаните.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Дополнително ќе ги разгледаме опциите за евентуално можно коалицирање со власта

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Димитриевски: Очекувам денеска да победи демократијата, Македонија многу пати знаела во клучни моменти да одлучи

Горан Наумовски

Димитриевски: До овој момент немаме разговори за можни коалиции со било кој политички субјект

Димитриевски: Каде беше Ковачевски додека режимот на Груевски ја газеше Македонија

Катерина Ѓуровски

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он