(ВИДЕО) Димитриевски: Бев нападнат од страна на алкохолизирани лица

Од:

Вчера на семејна веселба на која што присуствуваа поголем број на жени бев нападнат од страна на група видно алкохолизирани лица, јас и гостите на семејната веселба, првично вербално, а потоа и физички. Имаше дофрлувања на политичка основа и класични провокации се до моментот на физички напад, рече пратеникот од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски кој вчера беше нападнат во еден кумановски ресторан од страна на засега непознати лица за јавноста.

Димитриевски апелира до најодговорните во државата, оние кои што се вистинските професионалци да спроведат уредна и легитимна истрага и час поскоро да го расчистат случајот бидејќи, како што кажа, она што вчера се случи веројатно се случува на многу места, но луѓето молчат.

– Добив неколку неофицијални информации дека дел од напаѓачите се припадници од Министерството за внатрешни работи. Поставувам прашање до одговорните дали лицата кои што вчера извршија физички напад на нас согласно постапката веднаш им е направен алкотест на истите и дали се спроведени во полиција да им биде земен уредно исказ. На самиот настан имаме поголем број на присутни гости на видно место обележано за организирање на приватна семејна забава, се случи класичен упад од страна на насилниците. Апелирам до органите да го расчистат случајот што поскоро, рече Димитриевски.

Тој изјави дека лично не познава ниту еден од напаѓачите, но претпоставува дека лицата се од Куманово. Според Димитриевски мотивот за овој напад врз него и неговото семејство треба да го даде истрагата, но повеќе од јасно е дека вакви работи се случуваат во државата а граѓаните молчат.

-Штом одредени лица си дозволиле да поседуваат државна легитимација и да бидат тие кои што ќе го спречуваат криминалот сметам дека е недозволиво во едно демократско општество и во една сериозна држава да истите го кршат и нарушуваат законот, вели Димитриевски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува функцијата во работното тело на Собранието

ВИДЕО: Осомничениот за нападот во Њу Орлеанс е мртов објави Си-Ен-Ен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Крвава Нова година во Њу Орлеанс: со автомобил влета во толпа луѓе, има мртви

Катерина Ѓуровски

ЗНАМ ја промовираше Националната платформа за македонско национално единство и црвените линии

Димитриевски е на иста линија со премиерот Мицкоски дека Македонија нема да прави повеќе отстапки на патот во ЕУ

Ние сме во Владата да преземеме одговорност, a Охридскиот рамковен договор е целосно реализиран, вели Димитриевски