(ВИДЕО) Димитриевски: Груевски и Јолевски ги излажаа војниците, остана само камен темелникот

Од:

„Токму на ова место пред 17 дена Груевски и Јолевски отпочнаа со имплементацијата на проектот „АРМ – мој вистински дом“. Фрлија лопати и си заминаа.

Еве ја реалната состојба, какво е сега. Најавија градилиште и почеток на градба на станови за војниците.

За жал, денеска овде има се, но градилиште не. Дури и лопатите коишто ги користеа ги нема. Остана само еден недовршен камен темелник.

Груевски заедно со Јолевски повторно ги изманипулира професионалните војници.

За ваквите дела од делот на преродбата којашто заврши во лавиринт, Груевски ќе биде казнет по 11 декември токму од граѓаните и од припадниците на Армијата на Република Македонија.

По 11 декември СДСМ ќе обезбеди реални услови на одбраната и Армијата. Ќе ја вратиме честа и достоинството на војниците и ваквите состојби ќе бидат минато“, изјави претседателот на Комисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он