(ВИДЕО) Димитриевски денеска од Охрид: На Македонија и треба Претседател кој ќе ги штити интересите на граѓаните

Од:

Караванот на претседателскиот кандидат од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски и денеска беше во охридскиот регион.
„Јас како кандидат за Претседател на државата којшто сака да го даде својот максимум за наша Македонија, заедно со членовите и претставниците од Движењето ЗНАМ вчера и денеска поминавме многу домови, се сретнавме со многу граѓани од Охрид и регионот. Проблемите се секаде исти во Македонија“, рече Димитриевски во обраќањето до медиумите.

„Во рамките на нашата програма и мојата програма како претседателски кандидат, Манифест за Македонија, има голем број на решенија кои ги
нудиме. И ќе ги реализираме, нема да останат само зборови на хартија. Едно од најбитните е дека Македонија ќе добие Претседател од граѓаните, којшто нема да биде во функција на политичките субјекти, туку првенствено ќе ги штити граѓанските интереси.

Со тоа што никогаш нема да дозволам да потпишам закон или каков било дргу акт којшто е спротивен на вољата на граѓаните и секогаш истиот ќе добие вето и ќе биде вратен на повторно разгледување пред законодавниот дом“, објасни Димитриевски и додаде дека тоа што граѓаните ќе дадат поддршка на еден ваков концепт, ќе значи дека ќе добијат Претседател на државата од своите редови, човек којшто излегува од самите граѓани. Човек кој не должи никому, ниту на еден политички субјект. Тој рече дека Движење ЗНАМ-ЗА наша Македонија е мал политички субјект кој добил повеќе потписи во делот на подршката за неговата кандидатура, отколку што имал членови во тој момент и верува дека граѓаните ќе ја дадат нивната поддршка на денот на изборите.

Запрашан за што најмногу се жалат граѓаните, Димитриевски рече:

„Најголемите проблеми кои ги наведуват се владеењето на правото, неказнивоста, селективната правда, нефункционална држава и
финансиско-социјалната состојба во којашто е државата,а знааеме дека е многу лоша. Недостаток на уреден систем кадешто можат институционално да ги решаваат проблемите. На средбите со капетаните коишто се тука и даваат услуги на туристите рекоа дека, на пример, нема Марина каде што може да се снабдат со основната работа на прописен начин, а тоа е горивото. Со години се ветува дека ќе се реши, но реално тие децениски проблеми не се решаваат. Сметам дека нивото на организацијата во делот на туризмот треба да се подобри“, потенцира Димитриевски.

Неговиот караван денеска ќе ги посети населенните места во Дебарца. Вчера претседателскиот кандидат Максим Димитриевски имаше повеќе средби со граѓаните на Вевчани и Струга, а се обрати и пред граѓаните на Охрид.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Дополнително ќе ги разгледаме опциите за евентуално можно коалицирање со власта

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Димитриевски: Очекувам денеска да победи демократијата, Македонија многу пати знаела во клучни моменти да одлучи

Горан Наумовски

Димитриевски: До овој момент немаме разговори за можни коалиции со било кој политички субјект

Димитриевски: Каде беше Ковачевски додека режимот на Груевски ја газеше Македонија

Катерина Ѓуровски

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он