(ВИДЕО) Димески: Царовска не дава одговори како е возможно штитеник на домот „25 мај“ 6 месеци да биде исчезнат

Од:

„Јавноста секој ден гледа до кое дереџе се донесени институциите поради неодговорноста и индолентноста на функционерите на СДСМ.

Министерката Царовска воопшто не се потресува за скандалозните случувања во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај”, за фактот дека 6 месеци штитеник на овој дом не бил под заштита на државата, иако одговорноста за неговата грижа ја превземала“, рече Јулијана Димески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто Царовска молчи и не дава одговори како е возможно штитеник на домот „25 мај“ 6 месеци да биде исчезнат? Дали Царовска и нејзиното министерство се обидуваат да ја потценат јавноста кога одговараат дека штитеникот 6 месеци бил кај својот чичко во Кавадарци, а вчера беше пронајден на скопските улици во Чаир? Зарем институциите 6 месеци не се обиделе да го побараат малолетниот штитеник кај најблиските роднини за да го вратат во Домот и да продолжат да се грижат за неговото воспитување и образование? Зарем за министерката Царовска е нормално едно малолетно дете да талка 6 месеци по улиците без да биде загрижена за тоа дали детето било злоупотребувано или злоставувано?

Министерката бега од одговори, но не може да побегне од одговорност. Во истиот тој дом за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми во време на нејзиниот мандат се случи 13 годишно девојче да биде злоставувано, да забремени, а потоа да абортира. Во истиот дом уште две малолетни девојчиња забремениле, а сега капа на се и по 6 месеци малолетни штитеници талкаат по улиците, а Царовска мува не ја лази.

Уште што треба да се случи во нејзиниот ресор за таа да поднесе морална и политичка одговорност. Овој хаос мора да престане, а прв чекор е министерката Царовска да си замине од функцијата, бидејќи покажа дека е неспособна да менаџира со ваков ресор кој директно ги засега најранливите категории граѓани во Република Македонија“, изјави Јулијана Димески.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела