А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Мери Јордановска
Македонија

(ВИДЕО) Патниците кои се возеле со заразената од коронавирусот ќе бидат во изолација

by Мери Јордановска26/02/2020 - 20:5326/02/2020 - 23:25856
Share0

Идентификувани се сите патници кои се возеле во комбето со жената која е заразена од коронавирусот, а која утринава допатувала од Италија во Македонија.

Добивај вести на вибер

Станува збор за девет луѓе кои биле во комбето, од кои осум патници и еден возач кои живеат на две места во Скопје (четворица патници) и на три места во Струмица (четворица патници и возачот), информираше министерот за здравство Венко Филипче.

„Во моментов кон нивните живеалишта се упатени епидемиолоизи со претставници од МВР за да се направи анкета и да се утврди со кои се лица овие патници комуницирале во текот на денот. Сите тие ќе останат вечерва во домашна изолација под полициски надзор, а потоа ќе се утврди дали ќе продолжи домашната изолација или ќе бидат префрлени во болнички услови, за надзор“, рече Филипче.

Засега на патниците од комбето нема да им се вршат тестови за коронавирус.

„Затоа е овој период на инкубација, бидејќи во оваа фаза тестот може да е и лажно негативен. Токму затоа тие најмалку 14 дена ќе бидат во изолација“, рече министерот за здравство.

На прашањето како граничната полиција не утврдила според предвидениот прашалник дека патничката има симптоми на коронавирусот, Филипче рече дека таа најверојатно дала погрешни податоци за нејзината состојба.

„Разговаравме со граничната полиција, очигледно дека патничката не кажала вистински податок, инаку таа би била соодветно третирана на граничниот премин. Апелирам дека граѓаните мора точно да одговараат на прашањата што им се поставуваат на граничните премини и аеродромот“, вели Филипче.

Во врска со пациентката заразена од коронавирусот, тој рече дека таа е добра и дека има лесна форма на болеста, а зафатено ѝ е само едното белодробно крило.

Министерот за здравство уште еднаш потенцираше дека нема место за паника меѓу граѓаните.

„И порано имало епидемии, нема простор за паника ниту пак потреба од снабдувања и пазарења на дополнителни залихи храна, лекови и слично“, рече тој.

koronavirusministerstvo za zdravstvovenko filipce

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он28/03/2026 - 15:56

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

Горан Наумовски24/03/2026 - 12:23

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он22/03/2026 - 16:1522/03/2026 - 16:08

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 14:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто