(ВИДЕО) Дескоска: Владејачкото мнозинство крши Деловник за да го помилува Иванов од одговорност

Од:

Одредбата од членот 206, став 2 од Деловникот е јасна. Комисијата за импичмент треба да има претседател и 10 члена, со тоа што треба да биде обезбедена соодветна застапеност од пратеничките групи и од пратениците кои не се огранизирани во пратенички групи. Каква е таа соодветна застапеност, кога ВМРО-ДПМНЕ добива апсолутно мнозинство во Комисијата, а такво нема во Собранието. Каква е таа соодветна застапеност кога ДУИ добива ист број членови колку и СДСМ, иако имаат многу помалку пратеници. Каде се пратениците кои не се организирани во пратенички групи?

Иванов скрши закон за да ги помилува, тие кршат Деловник за да го помилуваат.

Согласно соодветната застапеност на пратеничката група на СДСМ, во Собранието ние треба да имаме 3 члена, а вие 5. Согласно вашето самоволие вие сте ни предложиле ние да имаме два члена, а вие шест. Тоа е комплетно незаконито.

Тоа е хаосот што го предизвика ВМРО-ДПМНЕ во сите институции. Сите се посипуваат со пепел, почнувајќи од Уставниот суд, од господинот Велјановски кој што не убедуваше дека не може да се свика Собранието, сега господинот Иванов, од вас колеги пратеници коишто правевте опроштајни слики тука во Собранието и со аплауз си одевте, денот кој што мислевте дека е последен ден од вашиот мандат. Сите овие постапки се голем срам за Македонија.

Јас ви најавувам дека одлуката која што ќе ја донесете без почитување на одредбите на Деловникот ние ќе ја обжалиме пред Управниот суд.

Вие се обидувате да го спасите Иванов од одговорност, како што тој со аболициите се обидува да ги спаси вашите челни функционери од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Во целата оваа незаконитост околу составот на Комисијата и импичментот на Иванов, најсимптоматично е однесувањето на ДУИ. Тие ја потпишаа иницијативата за импичмент. Велат дека не го гласале Иванов, но секој кој малку повеќе ќе се разбира од изборен инжињеринг, знае дека ДУИ всушност многу придонесе Иванов да биде избран за претседател. Сега ДУИ не искажува став околу соодветната претставеност на пратеничките групи во Комисијата, туку квалификува како судир меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Не колеги пратеници, не е ова судир на интереси на две политички партии. Ова е судир помеѓу оние кои го кршат Деловникот и оние коишто сакаат да се спроведат одредбите од Деловникот, рече пратеничката Рената Дескоска.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза