ВИДЕО: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ остана без струја, синоќа реагираше Дескоска

Од:

Министерката за образование и наука, Рената Тренеска Дескоска, во текот на вчерашниот ден интервенираше за решавање на проблемот за којшто алармираа студентите од Државниот студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје, на кои им беше исклучена струјата потади неплатеи долгови.

„Денеска за жал студентите во Студентскиот дом Гоце Делчев можеа да ги почувствуваат последиците од недомаќинското работење на ВМРО ДПМНЕ во претходната власт.

Долговите коишто беа оставени во сите сфери, останаа и во доменот на образованието. За жал голем дел од средствата коишто требаа да бидат обезбедени за образованието, биле истрошени за непродуктивни трошоци, што практично направија големи обврски, заостанати долгови на студентските домови, на училиштата. При тоа се загрозува детскиот стандард, училишниот стандард и начинот на редовно одвивање на наставата во училишта.

За жал, на претходната власт, на ВМРО ДПМНЕ, приоритет им беше градење на споменици, наместо инвестирање во студентски стандард и она што значи подобар живот на студентите.

Имаме денеска една немила сцена во студентскиот дом Гоце Делчев, кога заради големи долгови струјата беше исклучена. Но, по интревенцијата на Министерството за образование и на Владата, успеавме да воспоставиме контакти со компанијата којашто ја врати струјата и ја приклучи за да може студентскиот дом повторно да се одвиваат активностите, норамално“, изјави министерката за образование и наука, Рената Тренеска Дескоска.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

Универзитетското собрание на УКИМ бара решавање на проблемите во студентските домови во текот на летото