(ВИДЕО) Дескоска: Ниту еден извештај на Зврлевски не е разгледан, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од Катица Јанева

Од:

Пред исти законски обврски, Катица Јанева и Марко Зврлевски треба да доставуваат извештај во Собранието. Ѓорчев денеска закажа седница за извештајот на Специјалното јавно обвинителство кој е поднесен на 15 март оваа година, а нема закажано седница за извештајот на Зврлевски кој е поднесен на 23 јуни минатата година, вели заменик претседателката на Собранието, и пратеничка од СДСМ, Рената Дескоска.

– Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да дебатира по извештајот на СЈО, потврда е праксата на ДПМНЕ согласно која извештаите на Јавното Обвинителство не се разгледувани во изминатите години, разгледувани се само извештаите на советот ја ЈО, но не и извештаите на Зврелвски, вели Дескоска.

Таа вели дека иако побрале процедурално збор, претседателот на комисијата ја презакажал седницата за утре, без претходно да им даде збор на пратениците од опозицијата. Тоа според Дескоска е потврда за стравот на Никола Груевски да се соочи со одговорноста на криминалите кои ги има во проектот „Вистината за Македонија“ .

– Од моментот на формирањето на Специјалното јавно обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ прави се работата на оваа нова независна институција да биде во целост опструирана и оневозможена со цел да избега од одговорноста. Очигледно е дека најавата за први обвиненија содржана во извештајот создава паника во редовите на ДПМНЕ и токму денешното поведение на претседателот на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Влатко Ѓорчев е доказ за тоа, вели Дескоска.

Дескоска не даде одговор дали Јанева има законска обврска да се појави во Собранието и што доколку утре не се појави, единствено кажа дека за тоа мора да се дебатира на седницата на комисијата.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски