(ВИДЕО) Дескоска: Оставките се кај Вељаноски, нека ги верификува кога сака

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ знае да владее само со закани и ултиматуми. Тоа веќе не поминува. Ставот на СДСМ и коалициските партнери е кристално јасен.

Оставките на пратениците од опозицијата се депонирани пред 4 месеци во Собранието, откако Трајко Вељаноски и власта насилно ги верификуваа нивните мандатите.

Оставките се кај него и нека престане да се заканува и поставува ултиматуми. Ние пратениците од опозицијата му укажуваме на Вељаноски дека не мора да чека до 8-ми октомври, може кога сака да ги верификува нашите оставки.

Пратениците од опозицијата не ги прифатија пратеничките мандати и не учествуваат во работата на Собранието се додека не се создадат услови за враќање на демократијата и одржување на фер и демократски избори.

Ова се одлуки донесени од највисоките тела на опозициските партии“, изјави Рената Дескоска, СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски