(ВИДЕО) Дерковски: Mртва трка меѓу политичките ривали

Од:

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, на прес-конференција соопшти дека според тековните резултати со кои располага Комисијата, очигледна е мртвата трка меѓу политичките ривали.

Од обработени 69 проценти од гласовите, засега СДСМ води со еден процент пред ВМРО-ДПМНЕ. Според обработката на Државната изборна комисија, 36.86 проценти има СДСМ, 35.96 проценти има ВМРО-ДПМНЕ, 10.19 проценти има ДУИ, 7.97 има Алијанса за Албанците.

Во првата изборна единица, 33.9 проценти има СДСМ, а пак ВМРО-ДПМНЕ има 31,25 проценти од гласовите. Во втората изборна единица, 33.91 процент има СДСМ, а пак ВМРО-ДПМНЕ има 35.71 проценти од гласовите. Во третата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ води со 47.09 проценти, додека СДСМ има 42.82 проценти од гласовите. Во четвртата изборна единица, 46.39 проценти има СДСМ, додека 45.97 има ВМРО-ДПМНЕ. Во петата изборна единица, СДСМ води со 37.41 наспроти ВМРО-ДПМНЕ со 35.85 проценти. Во шестата изборна единица, СДСМ има 31.16 проценти од гласовите, а пак, ВМРО-ДПМНЕ има 13.63.

Според претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, гласовите се обработуваат тековно без никакви проблеми.

„Досега имаме обработени 70 проценти од избирачките места во нашата држава. Во тек е обработката на првичните неофицијални резултати од електронскиот внес на ДИК, јас би сакал најнапред да се извинам на јавноста бидејќи имавме мал прекин во јавниот пренос на податоците. Обработката на податоците течеше цело време, имавме проблеми со јавната објава на податоците. Сега технички го преместивме тој проблем и имате можност да ги следите податоците. Од она што сум информиран се работи за надворешен напад. Јас не сум ИТ експерт ниту можам да тврдам и да кажам нешто. Меѓутоа, додека не се потврди тоа јас не би шпекулирал со други информации. Ќе видиме за што се работи. Ние ќе имаме информации на време“, рече Дерковски.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он