Жесток напад на ЛГБТ центарот покажуваат снимките од камерите поставени во ЛГБТ центарот за време на судирите во Март, кога демонстранти се судрија со полиција, при што беа демолирани објекти.
Хелсиншкиот комитет ја поздрави одлуката на Основниот суд 1, со која 14 обвинети од протестите на 2 Март, добија затворски казни од вкупно 12 години. Осудените на затворски и условни казни, покрај нередите кои ги предизвикаа на Бит пазар, ја нападнаа и подружницата на Хелсиншкиот комитет – ЛГБТИ Центар за поддршка, при што причинија материјална штета.
ЛГБТ центарот беше нападнат уште двапати за време на одржување на „Неделата на гордоста“, како и денеска, кога во раните утрински часови имаше обид за предизвикување пожар. Од Хелсиншкиот комитет поседуваат снимки и од овие настани.
Петар Клинчарски